Oсмани и амбасадорката на Нов Зеланд разговараа за унапредување на економската соработка

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги прими копиите од акредитивните писма на амбасадорката на Нов Зеланд во Северна Македонија, со седиште во Рим, Жаклин Ен Фризел.

Османи ѝ посака добредојде на амбасадорката Фризел и изрази очекување дека за време на нејзиниот мандат, пријателските односи меѓу двете земји ќе добијат нова динамика и ќе се збогатат со нови содржини од заемен интерес.

На средбата беше разгледана досегашната билатерална соработка и можностите за нејзино унапредување во повеќе области, пред сѐ во економијата. Покрај билатералната, беше разговарано и за мултилатералната соработка, како и за најновите случувања на меѓународната сцена.

Текстот Oсмани и амбасадорката на Нов Зеланд разговараа за унапредување на економската соработка е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn