Моментално водечкиот тим на италијанскиот фудбалски шампионат Милан се најде во голема криза на голманската позиција пред големото дерби против Јувентус кое е закажано за в недела.
Првиот голман Мајк Мењан беше исклучен на натпреварот против Џенова во претходното коло коло и поради тоа нема да му биде на располагање на тренерот Стефано Пиоли, се очекуваше вториот голман Марко Спортиело да застане на голот против Јувентус, но тој повреди мускул на потколеницата и ќе мора да мирува најмалку 10 дена.
Затоа, в недела голот на Милан ќе мора да го брани третиот голман, 41-годишниот Антонио Миранте.
Последниот настап Миранте го имаше во април 2021 година кога беше член на Рома.
По осум кола во Серија А, Милан е на чело со 21 бод, два повеќе од второпласираниот Интер, а четири повеќе од третопласираниот Јувентус.
Foto/ EPA
Текстот 41-годишник ќе брани за Милан против Јувентус е превземен од МАКФАКС.