30 дена бесплатно со воз низ Европа: може да аплицираат и младите од Македонија

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Европската комисија го објави новиот оглас во рамките на проектот „Истражи ја ЕУ“, во чии рамки на 36.000 млади луѓе родени во 2005 година ќе им бидат доделени бесплатни билети за патување во Европа, на кој може да се пријават и македонски државјани.

Огласот ќе трае до 18 октомври во 12 часот по средноевропско време, а право на аплицирање имаат родените во периодот од 1 јануари до 31 декември 2005 година, соопшти Комисијата во Брисел.

Учесниците со попреченост или здравствени проблеми може да донесат придружба.

Кој сака да освои бесплатен билет, првин мора да го покаже своето знаење во краток квиз.

Апликантите што ќе бидат избрани ќе може да патуваат во Европа во период до 30 дена од 1 март 2024 до 31 мај 2025 година.

На огласот може да аплицираат млади од Европската Унија и од земјите опфатени со програмата „Еразмус+“, односно Северна Македонија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Србија и Турција.

Учесниците ќе може да ја истражат новата европската „Баухаус рута“, почната во јануари 2023 година.

Ќе може да ги посетат европските престолнини на културата и места од листата на светското наследство на УНЕСКО или носители на ознаката за европско наследство.

Текстот 30 дена бесплатно со воз низ Европа: може да аплицираат и младите од Македонија е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn