261 санкционирани возачи во Скопје, 88 за брзо возење

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, извести МВР.

„На територија на град Скопје изречени се вкупно 261 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 88 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 26 санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила“, соопшти МВР.

Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Текстот 261 санкционирани возачи во Скопје, 88 за брзо возење е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn