23-годишник од Мала Речица е вториот осомничен за знамињата на Попова Шапка, полицијата ги објави деталите

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Полицијата изврши разговор со 23-годишниот Б.Л. од тетовска Мала Речица, кој е второто лице осомничено за симнување на знамето на Македонската православна црква-Охридска архиепископија од јарболот на манастирот „Свети Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка.

На негово место, тој и уште едно лице од тетовско го поставиле знамето на Република Албанија.

По документирање на случајот и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, објави МВР.

Вчера МВР за инцидентот го идентификуваше и приведе 33-годишниот Ј.А. од Мала Речица.

Текстот 23-годишник од Мала Речица е вториот осомничен за знамињата на Попова Шапка, полицијата ги објави деталите е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn