Во текот на вчерашниот ден (13.10.2023) спроведена е сообраќајна контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници. При контролата санкционирани се 12 возачи. Од нив четири возила биле со неисправен уред за сопирање. Технички неисправните возила се исклучени од сообраќај и изготвени им се платни налози со парична глоба од 400 евра, а со парични глоби ќе се соочат и фирмите – нивните сопственици.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Навремено да се проверува техничката исправност навозилата и навремено да бидат отстранете евентуалните недостатоци.
Текстот 12 санкции за прекршоци на возила кои вршат јавен превоз на патници на територија на СВР Тетово е превземен од МАКФАКС.