Ким Кардашијан наводно придонела за крајот на врската меѓу Џулија Фокс со Канје Вест.
Реалити ѕвездата (43), која има четири деца со раперот (46) и беше во брак со него од 2014 година до разводот во 2022 година, очигледно му пренела многу информации за 33-годишната актерка и модел.
Џулија од Uncut Gems накратко се забавуваше со Канје на почетокот на 2022 година, а сега во своите нови мемоари Down the Drain открива дека Канје ја спомнал Ким во нивниот последен телефонски разговор.
„Тој ми кажа дека зборувале со неговата наскоро бивша сопруга и дека таа му пренела многу информации за мене.“
Тогаш Канје ѝ рекол на Џулија дека не знаел дека таа е зависник од дрога и се чувствувал како да го изневерила.
„Не сакав да ме слушне како плачам, па ја спуштив слушалката и му кажав на мојот публицист да го извести печатот дека нашата врска заврши.“
Џулија, во својата автобиографија пишува и за својата зависност од хероин.
Претходно овој месец, Џулија изјави за „Лос Анџелес тајмс“ дека била користена како марионета во текот на разводот на Канје и Ким.
Текстот Џулија Фокс: Ким Кардашијан имаше улога во мојата разделба од Канје Вест е превземен од МАКФАКС.