Јувентус пријави загуба од „само“ 123 милиони евра

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Фудбалскиот клуб Јувентус се уште минува низ турбулентен финансиски период, кој меѓу другото е последица и на неиграњето во Лигата на шампионите.

Клубот од Торино најави загуби од 123 милиони евра за сезоната 2022/2023.

Одговорот на овие загуби беше вообичаен: големо зголемување на капиталот на Eксор, холдинг-компанијата на семејството Ањели – 200 милиони. Ова е трето зголемување на капиталот во последните четири години, по 300 милиони во 2019 година и 400 милиони во 2021 година.

И покрај лошата финансиска слика, всушност е многу подобра отколку пред една година кога клубот имаше загуба од 239,3 милиони евра.

„Ова намалување е резултат и на елиминацијата на негативните ефекти од пандемијата, и од активностите за рационализација на трошоците и развој на приходите што беа започнати во претходните периоди и продолжија во финансиската 2022/2023 година“, се вели во соопштението на италијанскиот клуб. .

Да потсетиме, минатата сезона Јувентус беше казнет со одземање бодови поради финансиски малверзации поради што не успеа да се пласира во Лигата на шампионите.

Текстот Јувентус пријави загуба од „само“ 123 милиони евра е превземен од МАКФАКС.