„СДС и ДУИ на власт, институциите и државните ресурси ги гледаа само како место од каде ќе испумпаат државни пари во нивни приватни џебови. Недомаќинското работење со институциите на системот од страна на СДС и ДУИ секојдневно излегува на површина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа го потврдуваат и релевантните институции, како Државниот завод за ревизија. Таков е и примерот со Извештајот за работата на Клиниката за детски болести за 2022 година.
Во него може да се види дека вредноста на материјалните средства, од материјалната евиденција на Клиниката е за 13.9 милиони денари помала од вредноста искажана во сметководствената евиденција, а на крајот на годината била помал за 12 милиони денари.
Се поставува прашањето, зошто се јавува толкава разлика во материјалната евиденција во споредба со сметководствената?
Ова отвора сомнежи и индиции за сторен криминал во вредност од над 200 илјади евра.
Дали над 200 илјади евра, место за инвестиции во клиниката и третман на нај чувствителната категорија граѓани, децата, завршиле во приватни џебови?
Ова е состојба само во една здравствена установа и тоа само за една календарска година, а кој знае што правеле СДС и ДУИ во останатите установи во текот на нивното седум годишно владеење.
За ваквото недомаќинско и криминално управување со државните институции мора да има одговорност.
Го повикуваме Јавното обвинителство да не чека, веднаш да постапи по наводите во Извештајот на ДЗР и да испита каде завршиле над 200 илјади евра од детска клиника“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Текстот ЈО да не чека, веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР и да истражи каде завршиле над 200 илјади евра од Детска клиника, бара ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.