Пејачот Зејн Малик откри дека ќе ја започне својата прва соло турнеја, десет години по напуштањето на One Direction. Оваа вест ја сподели во емисијата на Џими Фалон, каде на водителот му врачи порака, пренесува The Sun.
На неа пишуваше: „Еј Џими, мило ми е што те видов другар. Одам на мојата прва самостојна турнеја оваа есен, па можеби кога ќе завршиш со берење јаболка со екипажот, можеш да дојдеш да ја погледнеш мојата турнеја Stairway To The Sky преку САД и Велика Британија“.
„Дозволете ми да знам за кој датум сакате билети“, додаде тој.
Оваа вест предизвика еуфорија кај неговите фанови, кои не можеа да поверуваат дека турнејата ќе започне толку брзо. „Ова го чекавме долго време“, „Толку сум горд на тебе и до каде стигна“, „Чекај, турнејата е годинава?? Мислев дека нема да биде до пролет или нешто?“, се само дел од коментарите на фановите.
Зејн го напушти One Direction во 2015 година. Хари Стајлс, Лиам Пејн, Луис Томлинсон и Ниал Хоран потоа продолжија како четворка, но во 2016 година објавија неодреден прекин за да можат членовите да се посветат на соло проекти.
Текстот Ѕвездата на One Direction ја најави својата прва соло турнеја, 10 години по напуштањето на групата е превземен од МАКФАКС.