Ѓорѓиевски: Започнавме со проширување и реконструкција на градинката „Пеперутка 1“ во Драчево

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на почетокот на градежните активности за проширување и реконструкција на дел од градинката „Пеперутка 1“ во Драчево. Во овој објект каде се сместени јаслите и кој не е реконструиран повеќе од 50 години, секојдневието го поминуваат околу 90 дечиња. При посетата, градоначалникот информираше и за досегашните вложувања во предучилишното образование, отворањето на двете нови градинки во Усје и Драчево и најави изградба на уште една градинка во Расадник.

„Денес започнуваме со реализација на проектот за проширување и реконструкција на дел од градинката „Пеперутка 1” во Драчево, конкретно делот на јаслите, каде 50-тина години не се извршени речиси никакви реконструктивни зафати. Се работи за простор во кој денот го минуваат околу 90 дечиња. За околу два месеца, колку што ќе траат градежните активности, тие ќе добијат квалитетни услови за престој, што е наша стратешка цел-и во оваа градинка, и во сите останати на територија на општина Кисела Вода. Оттука, ќе потсетам дека во дворот на објектот “Кокиче”, чиј капацитет неодамна го проширивме за уште 90 дечиња, започнуваме со изградба на сосема нов објект “Верверичка”. Во овие две години отворивме две нови градинки, едната во Драчево и втората во Усје, а пред само неколку дена објавивме и дека се обезбедени финансиски средства за изградба на уште една нова градинка во Расадник.

За нашата посветена работа во насока на унапредување на условите на нашите најмлади, говорат и инвестициите во опрема на сите предучилишни образовни објекти на наша територија со дидактички материјали, мебел, опрема, за што издвоивме околу 17 милиони денари.

Доволен број на градинки со квалитетни услови, соодветно опремени за да обезбедат позитивен детски развој се насоката кон која што се движиме во целиот овој период. Имено, кога станав градоначалник на наследените лист за чекање имаше преку 400 деца, сега таа бројка е двоцифрена, а тенденцијата е вакви листи воопшто да нема, што наскоро ќе биде реалност. Предучилишниот период е многу значаен и преставува темел во формирањето на личноста на секој поединец, па наша обврска како локална самоуправа и моја како градоначалник е да овозможиме секое дете да може да го оствари ова право“, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Текстот Ѓорѓиевски: Започнавме со проширување и реконструкција на градинката „Пеперутка 1“ во Драчево е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn