Ѓоковиќ е најкомплетниот тенисер на сите времиња

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ стана единствениот во историјата кој има процент на победи од најмалку 80 отсто на сите три подлоги, во сала и на отворено.

Со пет победи во „Берси“, на Мастерсот во Париз, Ѓоковиќ ја достигна токму таа граница во затворен простор и стана првиот човек во Опен ерата кој успеал да искомбинира ваква постојаност во споменатите пет категории.

Ѓоковиќ во француската престолнина пристигна со 187 победи и 48 порази во затворени сали, што е процент на успешност од 79,6 отсто. Со победите над Ечевери, Грикспор, Руне, Рублев и Димитров успеа да дојде до 80 проценти и да ја освои титулата.

Неколку тенисери се подобри од него во сала како Бјорн Борг (80,6), Роџер Федерер (81), Џими Конорс (81,6), Иван Лендл (83) и Џон Мекинро (85,3), но Ѓоковиќ е единствениот кој има успешност од 80 отсто во сала и на отворено, како и на сите три подлоги поединечно.

Покрај гореспоменатите 80 проценти во сала, следниот „најлош“ резултат на Ѓоковиќ е на земјена подлога (80,4), проследен со голем скок кога станува збор за натпреварите на отворено (84,5), бетон (84,9) и трева (85,8).

Четворица тенисери имаат 80 проценти или повеќе во четири од тие пет категории. На Борг му недостига успех на бетон, Конорс на земјена подлога како и на Федерер, а Лендл на трева.

Дополнително, Ѓоковиќ претходно има најголем процент на победи во кариерата со 83,7 проценти (1.082-211) пред Рафаел Надал (82,9).

Пред Ѓоковиќ е завршниот турнир во Торино, каде може да ја освои рекордната седма титула и по осми пат да ја заврши годината на врвот на АТП листата.

Новак Ѓоковиќ>

Бетон (688-122)
Зeмја (270-66)
Трева (115-19)
На отворено (890-163)
Во сала (192-48)

Текстот Ѓоковиќ е најкомплетниот тенисер на сите времиња е превземен од МАКФАКС.