Што ми направивте? Фала ви што бевте погласни од мене, фала и за ајварот, рече Шерифовиќ по концертот во Скопје

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Марија Шерифовиќ вчера ја наполни скопската сала Борис Трајковски, а присутните на сиот глас ги пееја нејзините песни, и уживаа во атмосферата.

По концертот, пејачката и’ се обрати на публиката преку социјалните мрежи, коментирајќи дека не се почувствувала така од концертот во 2018 година.

„Македонија. Македонци. Што ми направи? Мислев дека не може подобро по концертот во 2018 година. Кога ете. Ви благодарам за вашата љубов. Ви благодарам за секој испеан стих. Фала ви што бевте погласни од мене и бендот. Фала за ајварот. Фала за насмевките. Ви ја дадов душата и зедов малку од вашата. Да си понесам. Да ме лечи. Синоќа ви кажав се! Бидете добри. И знајте дека мирниот сон нема цена. Македонијо, ве сакам!“, рече Шерифовиќ.

 

Текстот Што ми направивте? Фала ви што бевте погласни од мене, фала и за ајварот, рече Шерифовиќ по концертот во Скопје е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn