Штекли диши самостојно, неговиот придружник сè уште на апарати, но во релативно стабилна состојба

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

По вчерашните операции, двајцата ранети во трговскиот центар „Ист гејт“ се во релативно стабилна состојба, сместени на интензивна нега. Во полоша состојба е придружникот на Раде Трајковски – Штекли. Придружникот вчера беше опериран на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, и неговата состојба е сè уште животозагрозувачка.

„Пациентот е во релативно стабилна состојба по операциите. Сместен е на интензивна нега и сè уште е на апарати. Беше донесен искрвавен и со сериозни повреди во стомакот, градниот кош, белиот дроб, црниот дроб и по опсежна интервенција состојбата е стабилизирана, но сè уште е во животна опасност. Се работи за 24- годишно момче кај кое најверојатно ќе треба уште една операција“, вели директорот Арсенков за „Макфакс“.

Состојбата на Штекли кој, неофицијално, бил мета на напаѓачот, според директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија Неџати Јакупи, е подобра. И тој закрепнува по вчерашни интервенции на неколку органи.

„Пациентот е стабилен, со спонтано дишење, свесен и контактибилен. Имаше опсежна интервенција на лево белодробно крило кое е извадено и третман на прострелна рана на десно рамо. Сместен е на интензивна нега и состојбата постојано му се следи“, изјави директорот Јакупи за „Макфакс“.

Штекли и неговиот придружник беа повредени вчера попладне во „Ист гејт“ во период кога трговскиот е полн посетители.

МВР објави фотографија од напаѓачот и побара помош од граѓаните за негово пронаоѓање и идентификување. На случајот се уште се работи.

Текстот Штекли диши самостојно, неговиот придружник сè уште на апарати, но во релативно стабилна состојба е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn