Завршницата на шпанскиот Суперкуп, ќе се игра во Ријад од 10 до 14 јануари 2024 година, а ќе настапат Барселона, Реал, Атлетико и Осасуна.
Четврти пат Суперкупот на Шпанија ќе се игра во Саудиска Арабија, по изданието во 2020 година во Џеда и изданијата од 2022 и 2023 година исто така во Ријад.
Преселбата на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија е дел од договорот потпишан со таа земја, кој на РФЕФ му плаќа околу 30 милиони евра по сезона. Шпанскиот Суперкуп, според договорот во Саудиска Арабија ќе се игра до 2029 година.
Во полуфиналето ќе се сретнат ривалите од Мадрид, Реал (победник на Копа дел Реј) и Атлетико (трет во Примера), како и Барселона (шампион на Шпанија и бранител на титулата) и Осасуна (финалист на Купот).
Полуфиналните натпревари се закажани за 10 и 11 јануари, додека финалето е закажано за 14 јануари.
Текстот Шпанскиот Суперкуп повторно ќе се игра во Саудиска Арабија е превземен од МАКФАКС.