Германскиот канцелар Олаф Шолц синоќа повика на мирно решение на конфликтот меѓу Белград и Приштина, јавува РТВ.
„За мене, многу е важно ситуацијата меѓу Србија и Косово дополнително да не ескалира. Ние сакаме мирно решение и многу сме посветени на тоа. Германија, Франција и Италија се особено активни во ова прашање“, рече Шолц на заедничка прес-конференција со бугарскиот премиер Николај Денков во Берлин, јави агенцијата „Анадолија“.
Тој додаде дека за ситуацијата во Косово ќе се разговара в четврток и в петок кога лидерите од речиси 50 европски земји ќе се сретнат во Гранада, Шпанија, на самитот на Европската политичка заедница.
На самитот, меѓу другите, ќе присуствуваат и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателката на Косово, Вјоса Османи.
Текстот Шолц повика на мирно решение во Косово: За мене, многу е важно ситуацијата да не ескалира дополнително е превземен од МАКФАКС.