Шкупи ја комплетира листата на полуфиналисти во Купот на Македонија

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Фудбалерите на Шкупи последни изборија пласман во полуфиналето, во Купот на Македонија. Шкупи во тренинг центарот на ФФМ го победи Работнички со 0:1 (0:1).

Натпреварот требаше да се одигра вчера, но поради лошата состојба на теренот во Маџари, натпреварот се одигра попладнево.

Лидерот на табелата во првенството, победи со голот на Младеновски, постигнат во 15.минута.

Вчера, пласман во полуфиналето изборија бранителот на трофејот Македонија ЃП, Тиквеш и Воска спорт.

Текстот Шкупи ја комплетира листата на полуфиналисти во Купот на Македонија е превземен од МАКФАКС.