Шекеринска, Спасовски и Шкријељ говорници на Регионалната Социјалдемократска Академија за женско лидерство

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) информира дека во Скопје почна регионалната социјалдемократска Академија за женско лидерство каде што предвидено е учество на жени лидерки од социјалдемократските партии и граѓански организации од Северна Македонија, Србија, Албанија, Грција, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.

На Академијата воведни излагања имаа претставнички на Форумот на жени на СДСМ, проектната координаторка во ФЕС Нита Старова и претставничката од ФЕС Белград Ана Манојлович-Стакич.

Денеска, свое учество исто така ќе земе и пратеничката Санела Шкријељ, кадешто заедно со жените лидерки од регионот ќе дискутираат за состојбата со антиродовите движења во земјите во регионот и можностите за соработка и поддршка за прогресивните сили во справување со антиродовите наративи.

Во сабота, потпретседателката на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе дебатираат на панелот „Влијанието на анти-родовото движење на агендата на жените, мирот и безбедноста“.

Академијата го опфаќа и теоретскиот и практичкиот дел со интерактивни предавања, работилници, панел дискусии, обуки и групна работа. Целта е зајакнување на лидерските вештини кај жените социјалдемократки, поттикнување да направат правилен чекор и да го заземат своето место во заедниците кадешто се носат одлуките и политиките, затоа што резултатите покажуваат дека жените на клучни лидерски позиции работат многу помудро, подобро, со интегритет и емпатија правејќи позитивни промени за државата.

Регионалната социјалдемократска Академија за женско лидерство е во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, ФЕС Дијалог Југоисточна Европа.

Текстот Шекеринска, Спасовски и Шкријељ говорници на Регионалната Социјалдемократска Академија за женско лидерство е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn