Чави за Шахтјор може да смета на само 12 играчи од првиот тим

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Фудбалерите на Барселона во среда го пречекуваат Шахтјор во третото коло од Лигата на шампионите, а Чави Ернандез има бројни кадровски проблеми.

Повредените фудбалери немаа време да се опорават пред овој меч, иако се во последната фаза на рехабилитацијата: Педри, Френки де Јонг, Роберт Левандовски и Рафиња, додека извесно време ќе бидат надвор од терените и Жил Кунде и Серхи Роберто.

Згора на се, Гави е суспендиран поради исклучувањето во Порто во претходното коло, па Чави не може да смета на него.

Кога ќе се погледне списокот на играчи за натпреварот, тренерот на Барселона на располагање има само 12 првотимци, поради што мораше да повика многу членови на Б тимот, во кој покрај стандардниот Ламин Јамал се и Касадо, Фермин Лопез, Кубраси. , Гаридо Форт и Марк Гују, јунакот во победата над Атлетик Билбао.

Чави се уште не знае на кого ќе може да смета в сабота против Реал Мадрид, во првото „Ел Класико“ во лигата. Најголеми шанси да се вратат во тимот имаат Роберт Левандовски и Рафиња, а нешто помалку Педри и Де Јонг, додека мечот сигурно ќе го пропуштат Кунде и Роберто.

Барса – Шахтјор на програмата е во среда од 18:45 часот, а „Ел Класико“ во сабота од 16:15 часот.

Текстот Чави за Шахтјор може да смета на само 12 играчи од првиот тим е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn