ЦУК: Четири активни пожари, 19 изгаснати во последното деноноќие

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Центарот за управување со кризи, согласно информациите од неговиот Сектор за операции и координација, информира дека пожари на отворен простор вчера имало вкупно 23.

Од нив, активни се уште четири: во Општина Македонски Брод, во атарот на село Белица, кај месноста „Аргулица“ (под Солунска Глава) гори ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и е речиси невозможно за пристап за лица и за гаснење; во Општина Велес, кај село Нежилово близу месноста „Изворите на Бабуна“ гори букова шума; во Општина Долнени, меѓу село Долгаец, Стровија и Црнилиште гори уредена шума и во Општина Штип кај село Пухче ниска вегетација и шума.

Другите 19 изгаснати пожари во последното деноноќие биле на целата територија на државата, во општините:

– Општина Арачиново, кај село Арачиново (каде што горела ниска вегетација);
– Општина Карпош, близу до Канал 5 (ниска вегетација);
– Општина Прилеп, четири пожари, покрај патот Битола – Прилеп, кај Агроинвест, кај село Рилево, село Словие и кај „Алфа Ауто – Прилеп“ (ниска вегетација, стрниште, нискостеблеста шума, трева и грмушки);
– Општина Кривогаштани, кај пречистителна станица на Кривогаштани (ниска вегетација);
– Општина Крушево, кај месноста „Кобел“ (ниска вегетација);
– Општина Велес, село Мамутчево (ниска вегетација);
– Општина Расоман, кај ф-ка „Синсиритас“ (ниска вегетација и напуштени лозови насади);
– Општина Кочани, два, кај село Мојанци и кај село Ново селени (Ниска вегетација);
– Општина Куманово, три вкупно, еден кај село Брзак, и два кај Скачковце (ниска вегетација и отпаден материјал);
– Општина Крива Паланка, село Конопница (депонија);
– Општина Старо Нагоричане, село Никулане (ниска вегетација и ниско стаблеста дрва );
– Општина Јегуновце, село Беловиште (ниска вегетација) и во
– Општина Гостивар, село Градец (каде што горела ниска вегетација).

Текстот ЦУК: Четири активни пожари, 19 изгаснати во последното деноноќие е превземен од МАКФАКС.