Хрватскиот министер за одбрана доживеа тешка несреќа – во болница е, едно лице почина

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Хрватскиот министер за одбрана, Марио Баножиќ, утрово доживеа сообраќајна несреќа во која едно лице загина. Министерот управувал со лично возило кое налетало на комбе. Загинал возачот на комбето.

Како што потврди за веб-страницата „Телеграм“ началникот на полициската управа Вуковар-Срем Фабијан Капулар, несреќата се случила во 6 часот и 15 минути, во правец кон Жупања.

– Марио Баножиќ е пренесен во болница – изјави Капулар.

Од жупаниската општа болница Винковци за „Телеграм“ потврдија дека утрово во таа болница бил донесен министерот Баножиќ.

– На одделот за интензивна нега е примен во 8 часот и 30 минути – соопштија од болницата.

Делницата од патот е затворена за сообраќај.

Текстот Хрватскиот министер за одбрана доживеа тешка несреќа – во болница е, едно лице почина е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn