Хау: Тежок период за Тонали, но тој е подготвен за игра

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, изјави дека должност на секој клуб е да му помогне на играч кој е во тешка ситуација. Токму тоа е случај со „страчките“ и нивниот играч за врска Сандро Тонали, кој е под истрага за обложување на нелегамно он-лајн платформи.

Заедно со Тонали, се води постапка и против неговите сонародници, Николо Заниоло и Николо Фаџоли. Казната на Фаџоли е веќе позната, тој доби седум месечна суспензија.

Се очекува играчот од средниот ред на Њукасл да биде поостро казнет од Фаџоли, кој признал се и ги открил детали кои не и биле познати на истрагата.

Тонали исто така соработувал со обвинителството и признал дека се обложувал на натпревари на Милан додека бил дел од тој клуб, но само на натпревари каде што не бил дел од тимот.

„Тонали е во конкуренција за натпреварот против Кристал Палас. Зад себе имаше многу тешки неколку недели. Тој се соочува соказна, и колку што можам да видам одлично се справува со околностите. Дознав за тоа кога пред неколку дена ми се јави спортскиот директор Ден Ешворт. Беше изненадување за сите нас, но тоа понекогаш се случува во овој бизнис. Веднаш помислив дека морам да се уверам дека Сандро е добро“, рече Хау, додавајќи:

„И фудбалерите се луѓе – ранливи и имаат свои пороци. Образованието е секогаш најважно – особено во младинските категории играчите треба да се информираат и да им се помогне да стекнат добри животни навики. Тоа е многу важно со професионален спортист. Мора да се обидеме да им обезбедиме услови за долга кариера, тоа е наша должност“.

Текстот Хау: Тежок период за Тонали, но тој е подготвен за игра е превземен од МАКФАКС.