Седумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, го критикуваше претседателот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) Мохамед Бен Сулејем.
Луис Хамилтон, изјави дека возачите звучат како „рапери“ кога пцујат кога преку радио пораки комуницираат со своите тимови.
Бен Сулејем рече дека се обидува да воведе промени, за да ги намали лошите зборови што ги емитува Формула 1 менаџментот (ФОМ). ФОМ ги контролира сите содржини што се емитуваат во текот на натпреварувачката сезона.
„Мораме да правиме разлика помеѓу нашиот спорт и рап музиката. Знаете, ние не сме рапери. Тие пцујат, го кажуваат зборот Ј, колку пати во минута? Ние не сме такви. Тие се тие, ние сме ние “, рече тој..
Хамилтон рече дека ја разбира загриженоста за прекумерното пцуење, но дека има „елемент на расизам“ во рап музиката.
„Тоа што го кажа, не ми се допаѓа како го кажа. Со тоа што кажувате рапери, тоа е стереотипно, бидејќи повеќето рапери се црнци. Тоа сугерира дека „не сме како нив“ и мислам дека тоа е погрешен избор на зборови и таму има елемент на расизам. Се согласувам дека работите треба да се решат, но добро е да покажеме некои емоции бидејќи ние не сме роботи“, рече Хамилтон, пренесе „Скај Спортс“.
Во текот на преносот во неколку наврати се емитуваат пораките кои возачите и тимовите ги разменуваат, па гледачите имаат увид во стратегиите и ситуациите на патеката.
Хамилтон, кој ретко користи несоодветен јазик на радио, рече дека ги избира своите зборови затоа што знае дека децата ги гледаат трките.
Формула 1 шампионатот продолжува викендов со трката за ГН на Сингапур во недела од 14 часот.
Текстот Хамилтон го критикуваше претседателот на ФИА е превземен од МАКФАКС.