Француско МНР: Присуството на Лавров на состанокот во Скопје не значи дека Западот го променил ставот

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Присуството на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ во Скопје не укажува дека односот на Западот кон Москва е променет, изјави портпаролката на француското Министерство за надворешни работи, Ан-Клер Лежандре, пренесува ТАСС.

Русија се уште е членка на ОБСЕ и други организации, рече Лежандре, додавајќи дека присуството на Лавров не укажува на тоа дека Западот се откажува од обидите да ја изолира Москва. Таа потсети дека значителен дел од членките на ОБСЕ ги осудуваат руските акции во Украина.

Претходно портпаролката на руското МНР Марија Захарова изјави дека многу земји поднеле барања за билатерални средби со Лавров на маргините на министерскиот состанок на Советот на ОБСЕ во Македонија.

Текстот Француско МНР: Присуството на Лавров на состанокот во Скопје не значи дека Западот го променил ставот е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn