Фон Дер Лајен доаѓа во посета на земјата, желба изразил и Макрон

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе допатува во посета на Македонија до крајот на месецот. Ова го најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Како што рече, интерес да ја посети земјата изразил и францускиот претседател, Емануел Макрон.

„Претседателката на Европската комисија, до крајот на месецов, ќе ја посети Северна Македонија. Претседателот Макрон неколку пати јавно изрази желба и рече дека во некоја од неговите посети ќе ја посети нашата земја“, рече Ковачевски.

Прашан дали Северна Македонија и Албанија ќе бидат одвоени во самитот во декември, Ковачевски изјави дека ние еднаш се разделивме од Хрватска кога не носевме одлуки, а истите тие кои не ги носеа одлуките сега се против европските интеграции. Хрватска, вели Ковачевски, сега e дел од ЕУ, воведе евро и е дел од Шенген зоната.

Текстот Фон Дер Лајен доаѓа во посета на земјата, желба изразил и Макрон е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn