Барселона го започнува овогодинешното учество во Лигата на шампионите со гостувањето во Монте Карло кај Монако.
Каталонците одлично го започнаа шпанското првенство, во првите пет натпревари имаат исто толку победи.
Германскиот стручњак Ханси Флик смета дека неговиот тим може да оди до крај во елитното европско натпреварување.
„Верувам дека можеме да стигнеме до титулата во Лигата на шампионите. Тоа е секогаш цел на најголемите клубови. Лигата на шампионите е најсилното натпреварување во светот, а јас сум убеден дека Барса може да игра и да ги победи сите“, изјави Флик.
Текстот Флик: Можеме да ја освоиме Лигата на шампионите е превземен од МАКФАКС.