Се назира крајот на сагата околу Џонатан Мотли. СПоред израелските медиуми кошаркарот мора да се врати во Хапоел Тел Авив.
Американецот пред три недели преку ноќ си замина од Тел Авив. Се врати дома во Хјустон чекајќи да добие раскин на договорот.
Епилогот го чекаа неколку клубови, меѓу кои како што пишуваа медиумите фаворити беа Црвена звезда и Реал Мадрид.
Според израелскиот портал „Спорт 5“, ФИБА во понеделникот официјално испратила писмо до Хапоел и посочила дека Мотли не може да се смета за слободен агент и дека не се прифаќа неговото еднострано раскинување на договорот.
Да потсетиме, одличниот центар побара раскин поради војната во Израел, но Светската куќа на кошарката го одби тоа барање за да не стане правило меѓу сите играчи кои играат во Израел и Русија.
Сега Џонатан Мотли ќе мора да се врати во клубот и кај соиграчите од кои јавно се откажа, а големо прашање е како сега ќе го примат.
Текстот ФИБА одби да го раскине договорот на Мобли со Хапоел е превземен од МАКФАКС.