Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, нема да има топло добредојде на трката за ГН на Мексико.
Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, откри дека навивачите на Серхио Перез не се пријателски расположени кон трикратниот светски шампион.
Во тимот кој ја освои титулата кај конструкторите моментално нема добри односи меѓу возачите, додека се почесто се зборува за заминување и на Хелмут Марк од тимот.
„Мислам дека Макс нема да го добие најтоплото добредојде во Мексико“, се пошегува Хорнер пред медиумите во Остин.
„Но тоа е нормално, една година си херој, следната анти-херој. Не ме загрижува како ќе бидеме пречекани во Мексико. Тимот целосно го поддржува Чеко. Сакаме да се натпреваруваме во Мексико, ги сакаме мексиканските навивачи, страста… Затоа, едвај чекаме да стартуваме таму“, рече Хорнер.
И оваа година, како и во минатото, односите меѓу Ферстпен и Перез не се како што треба, да потсетиме дека минатата сезона Макс ја одби наредбата од боксот да му ја врати позицијата на Серхио на патеката во Бразил.
Текстот Ферстапен нема да добие топло добредојде во Мексико е превземен од МАКФАКС.