Ферстапен на пол-позицијата во Мајами, сезонава има шест од шест

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои својата шеста пол-позиција на исто толку трки оваа сезона. Холанѓанецот беше најбрз во квалификациите за трката на Големата награда на Мајами. За Ферстапен ова е седма пол-позиција по ред и сега е на само еден до израмнување на рекордот на Аиртон Сена.

Ферстапен, кој неколку часа претходно триумфираше во спринтот на Флорида, ја забележа 38. пол-позиција во кариерата со круг од 1:27.241 минути. Тој за 141 илјадитинки беше побрз од Шарл Леклер во Ферари.

Двајцата ги следеше вториот возач на италијанскиот тим, Карлос Саинц Јуниор, кој заостануваше помалку од една десетинка зад својот тимски колега. Шпанецот за само пет илјадити делови од секундата беше побрз од Серхио Перез во Ред Бул.

Најдобар меѓу останатите беше Ландо Норис во Мекларен, пред тимскиот колега Оскар Пјастри и двоецот на Мерцедес Џорџ Расел и Луис Хамилтон. Топ 10 беше комплетиран од Нико Хилкенберг во автомобилот на Хас и возачот на тимот РБ Јуки Цунода.

Траката за Големата награда на Мајами утре ќе започне во 22 часот по средно-европско време.

Текстот Ферстапен на пол-позицијата во Мајами, сезонава има шест од шест е превземен од МАКФАКС.