Фаџоли: Должам многу пари, лихвари ми се закануваа дека ќе ми ги скршат нозете

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Играчот од средниот ред на Јувентус, Николо Фаџоли (22), кој прв падна во скандал со обложување во италијанскиот фудбал, најверојатно ќе биде суспендиран на минимум седум месеци и ќе добие парична казна од 12.500 евра.

Некои италијански медиуми пишуваат дека Фаџоли би можел да биде суспендиран на една година. Откако сè стана јавно, тој ја раскажа својата приказна им ја раскажал на истражителите. Тој призна дека неговите долгови пораснале на околу три милиони евра. Фаџоли во Јувентус заработува околу 1,8 милиони евра годишно.

„Најлошиот период го имав помеѓу март и април 2023 година, кога бев толку под стрес и исплашен што на натпреварот помеѓу Сасуоло и Јувентус направив грешка, по што бев заменет. Штом излегов од теренот почнав да плачам пред камерите, размислувајќи за моите проблеми поврзани со коцкарските долгови. Потенцирам дека престанав да се обложувам и дека немам намера повторно да го правам тоа“.

„Сакам да истакнам дека мојата намера е да ги отплатам сите кредити што ги подигнав од моите пријатели кои не ги знаеја вистинските причини зошто ги позајмив парите. Зедов 40 илјади евра, велејќи дека ми требаат да купам часовник Ролекс, бидејќи мајка ми ми ги блокирала сметките“.

„Федерико Гати (соиграч од Јувентус. оп.а) ми позајми пари кои се уште не сум ги вратил и тој сè уште ги бара назад. Раду Драгушин (играч на Џенова оп.а) и некои пријатели од Пјаченца ми позајмија пари. Никогаш не сум разговарал за моето обложување со раководството на Јувентус, играчите или тренерите бидејќи не верував никому. Исто така, не се обложив на Јувентус или Кремонезе“.

„Веќе имав наталожено огромен долг од 250 илјади евра во септември 2022 година и почна притисокот на сопствениците на нелегалните обложувалници кои ме тераа да ги враќам парите. Не спиев ноќе. Колку повеќе минуваше времето, толку повеќе ме прогонуваше долгот. Парите што требаше да ги вратам постојано се зголемуваа. Ми се закануваа дека ќе ми ги скршат нозете. Се обложував на фудбалски натпревари и тенис. Почнав во летото 2021 година. Не ме интересираше дали тие страници се легални или не. Беше забавно. Од јануари 2022 година, бев под стрес за наталожените долгови.“

„Прво се обложуваш затоа што имаш многу слободно време. Тренираш наутро, а потоа се обложуваш да ја убиеш досадата. Сандро Тонали ми предложи да играм на нелегален сајт. Го видов како игра и го прашав што прави. Ми рече дека можам и јас бидејќи нема траги на обложување. И ме натера да се регистрирам на таа страница. Прво игравме тенис, а потоа фудбал“.

Да потсетиме, Фаџоли отворено призна дека се обложил на фудбалски натпревари. На спортистите во Италија им е забрането да се обложуваат на натпревари организирани од Италијанската фудбалска асоцијација, УЕФА и ФИФА и им е забрането да ставаат облози директно или индиректно.

Сандро Тонали (23) и Николо Заниоло (24), италијански репрезентативци и играчи на англиските клубови Њукасл и Астон Вила, се во центарот на аферата заедно со Фаџоли.

Текстот Фаџоли: Должам многу пари, лихвари ми се закануваа дека ќе ми ги скршат нозете е превземен од МАКФАКС.