Времето утре наутро ќе биде свежо, преку денот сончево и релативно топло, а кон крајот на денот во северните и западните делови со мала до умерена облачност, информираат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, особено изразен во западните делови.
Во текот на ноќта кон понеделник ќе почне да дува засилен северен ветер, облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје сончево и топло, кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе почне да дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 29 степени.
Во текот на ноќта кон понеделник под влијание на продор на студена воздушна маса од север ќе почне да дува засилен северен ветер што во првите два дена од работната седмица ќе услови значително намалување на дневната температура за повеќе од десет степени. Во понеделник времето ќе биде променливо облачно и ветровито, претпладне со врнежи од дожд, а во вторник облачно и уште постудено со повремени врнежи преку целиот ден, особено во јужните делови. Од среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со пораст на дневната температура.
Текстот Уште утре топло време, од понеделник дожд и пад на температурите за над 10 степени е превземен од МАКФАКС.