Тројца ранети во пукањето во Ужице, примени во болница со прострелни рани

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Тројца мажи се примени во Општата болница во Ужице по пукањето што попладнето се случи на мостот Алексиќ во центарот на градот.

„Тројца пациенти се хоспитализирани на ургентниот оддел, ги прегледале дежурните лекари. Еден пациент се здобил со сериозни повреди на лактот и бил препратен на интензивна нега, на одделението за ортопедија. Дијагностиката за другите двајца пациенти е во тек“, изјави Драган Дамјановиќ, директор на болницата во Ужице.

Според очевидци, до пукањето дошло кога во мажи на мотори било пукано од мерцедес во движење. Патничкиот автомобил потоа продолжил кон населбата Теразие.

Текстот Тројца ранети во пукањето во Ужице, примени во болница со прострелни рани е превземен од МАКФАКС.