Тренчевска: Поддршката на лицата со попреченост се гледа во реализирање на активности кои го унапредуваат нивниот квалитет на живот

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со Сабина Грубенсон, генерален секретар на „Лоза“ Фондацијата и Пер Рилов, претседател на управниот одбор на фондацијата „Лоза“. На средбата се разговараше за идни проекти кои можат да се реализираат во соработка на Министерството за труд и социјална политика и фондацијата.

На министерката и беше презентиран план за донација од фондацијата „Лоза“ од 3 сензорни соби, наменети за потребите на корисниците кои се сместени во Специјалниот завод Демир Капија.

Министерката на крајот од средбата се заблагодари за поддршката, разменетите идеи и искуства. Таа истакна дека секој преземен чекор е во насока на подобрување на условите за живот на лицата со попреченост. Тренчевска посочи дека деинституционализацијата продолжува да биде приоритет во нејзината работа.

Текстот Тренчевска: Поддршката на лицата со попреченост се гледа во реализирање на активности кои го унапредуваат нивниот квалитет на живот е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn