
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, се сретна со Елиса Фернандез, заменик-регионалната директорка на регионалната канцеларија на UN Woman за Европа и Централна Азија. На состанокот беше присутна и раководителката на Канцеларијата на UN Women – Скопје, Весна Ивановиќ-Кастаред.
На средбата беше истакната соработката на Министерството за труд и социјална политика и канцеларијата на UN Woman со особен фокус на проектите што се поврзани со поддржувањето на родовото одговорно буџетирање, родовото базирано насилство и родовата еднаквост воопшто.
Тренчевска истакна дека од особена важност е продолжувањето на интензивната работа на развојот и имплементацијата на родовото одговорно буџетирање и креирањето политики што ќе придонесат до еднаква распределба на ресурсите. Таа истакна дека во делот на родово одговорни буџети Република Северна Македонија работи уште од 2008 година. Министерката појасни дека стремежот ќе продолжи и во иднина со цел државата да биде лидер во регионот на ова прашање преку Ресурсниот центар за родово одговорно креирање буџети и политики.
На крајот од средбата уште еднаш беше потврдена соработката на меѓународните организации и Министерството.
Текстот Тренчевска: Кога антиродовите движења земаат најголем замав, поддршката од меѓународните организации ни е најважна е превземен од МАКФАКС.