Трајанов: Итно да се усвојат измените на изборниот законик за една изборна единица

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Итно да се усвојат измените на изборниот законик за една изборна единица, порача на прес-конференција, претседателот на Демократскиот сојуз и пратеник, Павле Трајанов.

„Македонија треба да биде една изборна единица, како клучен предуслов за демократизација на државата и промени кои ќе гарантираат коренити реформи, владеење на правото, борба против криминалот и просперитет на државата. Младите сакаат да живеат во држава со универзални вредности, институциите да функционираат, законите да важат за сите подеднакво, без привилегирани, без корупција и еднакви шанси за сите, како битни предуслови да не ја напуштат Македонија“, рече Трајанов.

Инаку, предлог-законот за измени на Изборниот законик со кои се предлага Македонија да биде една изборна единица, до Собранието беше доставен 5 март 2021 година и подолго време е блокиран од СДСМ и ДУИ. Во комисиската расправа пратениците на СДСМ и ДУИ беа против измените, но на пленарната седница одржана на 14 јуни 2023 година гласаа ЗА. Законот доби поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно заклучоците, за предлог-законот имаше јавна расправа, но забелешки не се доставени, поради што, според Деловникот за работа на Собранието, треба да почне втората фаза, предлагање на амандмани и гласање за усвојување на измените со кои Македонија ќе биде една изборна единица.

Демократскиот сојуз очекува најитно да се одржи расправа во Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците, како и во Законодавно-правната комисија, со што ќе се создадат услови за расправа и одлучување на пленарна седница.

Предлагачи на законот се: Павле Трајанов, Димитар Апасиев, Боби Мојсовски, Љупчо Балковски, Панчо Минов, Моника Зајкова, Борислав Крмов, Маја Морачанин и други пратеници.

Текстот Трајанов: Итно да се усвојат измените на изборниот законик за една изборна единица е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn