Австрискиот тенисер Доминик Тим потврди дека на крајот од сезоната ќе ја заврши кариерата.
Победникот на Ju-es open во 2020 година најверојатно кариерата ќе ја заврши во Виена, на турнирот што ќе се одржи од 21 до 27 октомври.
„Можам да потврдам дека оваа сезона ќе ми биде последна во кариерата. Од повеќе причини ја донесов оваа одлука. Мојот зглоб не е добар, не е во состојба каква што сакам да биде, втората причина е мото внатрешно чувство. Долго време размислував за ова, за целиот мое патување во тенисот кое беше неверојатно. Бев успешен и освојував трофеи.“
Тим е далеку од светскиот врв веќе три и пол години, а се започна веднаш по освојувањето на првиот и единствен Грен слем.
Почнаа проблемите со мотивацијата и психата, а заедно со тоа дојдоа и повредите, пред се на зглобот.
Никогаш не успеа да се врати на претходното ниво, а моментално се наоѓа на само 117. место на АТП листата.
OFFICIAL: Dominic Thiem announces his retirement at the end of the season.
Very emotional video.
“I’m gonna finish my career at the end of this season (…) My wrist is not at the way it should be and how I want it. I was thinking about this decision for a very long time” pic.twitter.com/qAyuNkOm9A
— José Morgado (@josemorgado) May 10, 2024
Текстот Тим потврди дека ја завршува кариерата е превземен од МАКФАКС.