Странските дипломати играа тенис, Османи им подели награди на победниците

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

По повод одбележувањето на државниот празник ‘11 Октомври”, денес Министерството за надворешни работи го организираше традиционалниот Дипломатски тениски турнир, кој се одржа во Скопје.

На Дипломатскиот тениски турнир учествуваа дипломати од резидентните дипломатските и конзуларни претставништва на странските држави, претставници на меѓународни организации во земјата и дипломати од Министерството за надворешни работи.

„Одлична прилика за промовирање на дипломатските вредности преку спортскиот дух кој обединува во заедничките цели за подобри резултати во нашето секојдневно работење. Спортската дипломатија е нераскинлива алка што зближува и обединува и универзален јазик на сите нации со моќ за рушење на сите предрасуди и бариери со кои се среќаваме“, истакна министерот Османи.

По завршувањето на натпреварувачкиот дел од тенискиот турнир беа доделени и награди за победниците.

Текстот Странските дипломати играа тенис, Османи им подели награди на победниците е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn