Стоп за должничкото ропство, борба за повисоки пензии и плати: протест пред Министерството за правда

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Денеска во 17:30 часот пред Министерството за Правда во Скопје, здруженијата „Човекот над профитот”, „Но Пасаран”, КСОМ и ПЦЕР ќе одржат мирен протест.

Како што информираат организаторите во фокусот се две суштински теми: Не применување на закон од страна на извршителите за застареност на долгови и барање за повисоки пензии и плати за пензионерите и работниците кои се во должничко ропство.

1.„Го повикуваме министерот за правда и владата да се изјаснат зошто не се применуваат промените во Законот за облигациони односи од страната на извршителите, а се однесуваат на застарувањето на долгови, изгласаните од Собранието, и во Службен весник објавени пред повеќе од три месеца.

Појаснуваме дека согласно Законот за изменување и дополнување на ЗОО (Сл.Весник на РСМ бр.154 од 20.07.2023 година ) во чл.2 се предвидени измени на одредбата од чл.368 од ЗОО, во која е определено дека извршната постапка може да се реализира во рок од 10 години од денот на поднесување на Барањето за извршување, после кој рок настапува апсолутна застареност. Ова е во сила, но не се применува.

Напоменуваме дека кога закон не се применува, а е во сила, посебно кога не се применува од страна на високи државни службеници, тоа е злоупотреба на службена должност и овластување, член 353 од Кривичниот законик.

2. На овој протест, посебно ќе се потенцира должничкото ропство во кое влегуваат пензионерите кои се борат за линерано зголемување на пензиите, а влегувааат во една од најранливите категории граѓани кога се однесува за одземање на средства од ПИОМ во вид на напумпани долгови. Доживотно ропство. Работниците и вработените се исто многу погодени и тие се тема на овој протест бидејќи со премалите плати и виртуелни долгови кон извршители и фантомски фирми тешко преживуваат.

Здруженијата се соединети во – борба за правда, борба против мафијашката спрега доверители, судии, фирми за наплата на побарувања, извршители и низа на корумпирани државни службеници. Борба за повисоки пензии и плати, бидејќи должничкото ропство ги погаѓа сите“, велат организаторите.

Текстот Стоп за должничкото ропство, борба за повисоки пензии и плати: протест пред Министерството за правда е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn