Стоилковски: Дали Ковачевски знае за улогата на бугарскиот мафијаш Васил Божков Черепот при носење на закони

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Вицепремиерот Артан Груби мора да каже дали е точно дека однапред е договорено кои три коцкарски фирми ќе влезат во Македонија, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Прашува дали однапред е договорено да бидат две фирми од Бугарија и една од Косово.

„Дали Артан Груби е ангажиран за влез на две бугарски и една косовска коцкарница да ги земат новите три лиценци со негов потпис во Македонија? Дали и колку тој ангажман чини? Дали една од двете бугарски фирми е поврзана со Васил Божков Черепот, со мафијашките бизниси и со фирми од црната листа на САД? Дали Ковачевски знае и одобрува евентуални ангажмани на Груби со кои Македонија станува држава на коцката? Дали Ковачевски знае за улогата на Васил Божков Черепот при носење на закони?“, прашува Стоилковски.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Груби од позиција вицепремиер доделена од СДС, го заобиколува законот за коцкање, а откако скандалот изби во јавноста, и по паниката на неговиот пулен директор на Лотарија, сега се турка закон за коцкање, со европско знаменце, а во кој повторно нема ништо европско, ниту референца на што се повикува.

 

Текстот Стоилковски: Дали Ковачевски знае за улогата на бугарскиот мафијаш Васил Божков Черепот при носење на закони е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn