Стефковски: Исполнето уште едно ветување, учениците добија бесплатни униформи

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денес ги подели бесплатните униформи на учениците од Основното училиште „Наум Наумовски Борче“ во Маџари.

За настанот, градоначалникот Стефковски информираше и на својата официјална страна на фејсбук.

„Ова е за прв пат, општина Гази Баба да обезбедува бесплатни ученички униформи за сите 6800 ученици. Со реализацијата на овој проект обезбедуваме социјална еднаквост и на еден начин ги надминуваме економските и класните разлики кои можеби постојат помеѓу семејствата и овозможуваме тоа да нема никакво влијание врз учениците. Приоритетна активност на учениците останува да биде зголемување на знаењето“, кажа градоначалникот.

Текстот Стефковски: Исполнето уште едно ветување, учениците добија бесплатни униформи е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn