Денес е значаен ден за општина Гази Баба, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и директорот на Центарот за развој на Скопскиот плански регион, Јане Мицевски направивме увид и отварање на објект кој што ќе биде наменет за лица со телесна и интелектуална попреченост, рече Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба.
Како што рече градоначалникот, дневниот центар ќе овозможи поголема инклузивност на лицата со попреченост, а ќе обезбеди нивно секојдневно сместување, реедукација и рехабилитација.
„Овој проект чини 16 милиони денари, од кои што 10 милиони денари се обезбедени од буџетот на општина Гази Баба, а 6 милиони денари се обезбедени преку Скопскиот плански регион. Гази Баба сериозно се развива, реализираме голем број на проекти со кои што ќе ги подобриме условите за живот за сите категории на граѓани, вклучувајќи ги и лицата со попреченост“, додаде Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба.
Текстот Стефковски: Во Гази Баба се отвара дневен центар за лица со попреченост, проект вреден 16 милиони денари е превземен од МАКФАКС.