Синоќа околу 23 часот и 35 минути на пругата Бор – Зајечар, меѓу железничките станици Бор теретна и Рготина, осум од 13 вагони излетале од шините.
Една цистерна натоварена со амонијак се лизна од товарниот воз. Оваа цистерна била осма по ред и се излизгала од пругата од двете шини.
Цистерната не е оштетена, немало превртување и нема протекување од неа. Железничкиот сообраќај на овој дел од пругата во моментов е во прекин.
За расчистување на последиците од вонредни случаи бил ангажиран помошниот воз на Инфраструктурата на Железниците на Србија, за да може пругата што поскоро да биде подготвена за сообраќај.
Текстот Српски Железници имаат сериозен проблем: Повторно излезе од шини вагон-цистерна со амонијак е превземен од МАКФАКС.