Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на посетата на Тирана во Албанија, каде учествуваше на Самитот на лидери на Берлински процес, се сретна со Антонела Басани претседателка на Светска банка за Европа и Централна Азија. На средбата покрај премиерот Ковачевски, беше и вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ.
Соговорниците разговараа за тековните проекти и планови на среден рок на Северна Македонија, како и на земјите од регионот. На средбата беа разменети мислења за политичките и економските случувања во регион, како и предизвиците од геополитичките случувања во Европа и светот и како сето тоа влијае врз глобалната економија.
На состанокот се разменија мислења за проекциите за раст на земјите од регионот во текот на оваа година, како и проекциите за глобалната економска и финансиска стабилност.
Партнерството со Светска банка и поддршката која ја добива Северна Македонија е од големо значање, Рамката за соработка е основа на граѓаните да им се овозможат подобри услови за живот, како и за инвестиции во подобрување на конкурентноста на приватниот сектор, инвестиции во инфраструктурата, развој на човечкиот потенцијал и зајакнување на менаџирањето со јавните финансии.
Со изработка на новата Рамка за партнерство на Република Северна Македонија со Светска банка значително ќе се зголеми финансиската поддршка за нашата држава и ќе биде речиси двојно повисока од досегашната.
На средбата беше оценето дека ваквиот вид на соработка, претставува потврда на поддршката која доаѓа од сериозен партнер, а со тоа се испраќа силна порака до меѓународните партнери и инвеститори.
Ковачевски и Басани, изразија задоволство од силното долгогодишно патнерство на Северна Македонија со Светска Банка како и за развојните резултати постигнати во годините на соработка.
Текстот Средба Ковачевски- Басани: Рамката за соработка со Светска Банка е силна порака за Северна Македонија до меѓународните партнери и инвеститори е превземен од МАКФАКС.