„Спасовски во обид да се спаси, дополнително се негира и се понижува пред цела јавност“, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на социјалните мрежи.
„Откако пред 10 дена тврдеше дека не го барале возилото на велешанецот Панче на системот „Безбеден град“ затоа што не знаеле дека е исчезнато и возилото, вчера вечер призна дека знаеле И за возилото но за кое внимавајте, немало пријава дека било украдено, туку дека не било ТУКА (!?), односно се претпоставува дека исчезнатиот, а подоцна и убиениот Панче – заминал со него. (!?!?)
Прво, излажа дека не знаеле за возилото и Второ, откако призна дека возилото не било ТУКА, туку дека заминало со исчезнатиот, зошто не е барано со централна објава? Кога лажеше Спасовски?“, се додава во објавата на Ковачки.
Текстот „Спасовски пред 10 дена велеше дека возилото на велешанецот не било пријавено, сега вели дека претпоставувале дека исчезнатиот заминал со него“, вели Ковачки е превземен од МАКФАКС.