Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за германскиот дневен весник „Neue OZ“ одговарајќи на прашањето зошто е потребна поддршка од европската агенција Фронтекс во делот на управувањето со границите, истакна:
„Северна Македонија се наоѓа на многу посебна географска положба. Мигрантите патуваат од Грција, ЕУ држава, низ земја која не е членка на ЕУ, а потоа повторно влегуваат во ЕУ. Ова е предизвик за Северна Македонија и за Европската Унија. Затоа, логично е да соработуваме со ЕУ на граница. Патем, ова не е ништо ново за нас. Седум години соработуваме со земјите од ЕУ за управување со границите. Распоредувањето на Фронтекс е логичен развој на оваа соработка”, рече Спасовски.
Спасовски беше дециден по однос на прашањето за можен бегалски камп на ЕУ на македонска територија:
„Нашиот став е многу јасен: Во Северна Македонија не се спроведуваат процедури за азил за другите земји на ЕУ и тоа нема да се промени. Ако Северна Македонија стане дел од Европската Унија, ова може да се промени. Но, сѐ додека тоа не е така, таквите центри ќе останат исклучени”, истакна Спасовски.
Текстот Спасовски за германски весник: Бегалски кампови во државата нема да има додека не станеме членка на ЕУ е превземен од МАКФАКС.