Солскјаер: Враќањето на Роналдо беше погрешен потег

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Оле Гунар Солскјаер, поранешниот играч и менаџер на Манчестер јунајтед, смета дека направил грешка кога го вратил на Олд Трафорд, Кристијано Роналдо.

Норвежанецот, кој на клупата на Јунајтед беше до ноември 2021 година, само два месеци по пристигнувањето во клубот реши да го врати тогаш 35-годишниот Португалец од Јувентус.

Солскјаер и Роналдо претходно беа заедно во клубот кога Роналдо за прв пат играше за Манчестер јунајтед.

Меѓутоа, во разговор за „НРК“, Солекјер изјави дека еден член од стручниот тим не била за враќањето на Роналдо.

Во прашање е актуелниот менаџер на Ипсвич, Киран Мекена. Според Солскјаер, ирскиот стручњак ги анализирал последните шест натпревари на Португалецот и истакнал дека со неговото враќање проблемот ќе биде во друг дел од теренот. Тоа се покажа како точно.

„Како ќе се браниме? Тоа беше првото нешто што ми го кажа Мекена по таа анализа. Тоа веројатно беше наш погрешен избор. Сепак, во тоа време сметавме дека тоа е вистинскиот потег”, рече Солскјаер.

Познато е дека вториот престој на Роналдо во Манчестер заврши неславно кога Ерик тен Хаг го продаде. Кристијано сега игра за Ал Наср во Саудиска Арабија.

Текстот Солскјаер: Враќањето на Роналдо беше погрешен потег е превземен од МАКФАКС.