Апсењето на двајца играчи на Легија во Алкмар и понатаму е топ тема во полската јавност. По натпреварот помеѓу АЗ Алкмар и Легија приведени беа Радован Панков и Жосуе.
Играчите беа ослободени еден ден подоцна и однесени на сослушување, по што се вратија во Варшава, а Полјаците тврдат дека доказите што ги има холандската полиција се „тенки“.
Полицијата тврди дека Панков оттурнал еден припадник на обезбедувањето и дека тој се здобил со потрес на мозокот и скршеница на раката. Од Легија велат дека ова нема врска со вистината.
Приказните сè уште се спротивставени.
Холанѓаните тврдат дека полицијата никогаше без причлина не би нападнала фудбалери. Полјаците пак тврдат дека никој не го удрил припадникот на обезбедувањето.
Единствено е сигурно дека полицијата го претепала претседателот на Легија бидејќи од тој инцидент постои видео запис.
„Самиот факт што Панков и Жосуе не беа притворени подолг период јасно покажува дека доказите против нив се „тенки“. Ако ситуацијата беше сложена, никој немаше да ги ослободи од притвор, а камоли да им дозволи да ја напуштат земјата“, изјави за полските медиуми неименуван извор од Легијата.
Во целиот случај е вмешана и УЕФА, секако, бидејќи инцидентот се случи на стадионот, по натпреварот во Конференциската лига.
„Во моментов се анализираат официјалните извештаи. Доколку се преземат одредени дисциплински мерки, тие ќе бидат објавени на веб-страницата на УЕФА. Засега немаме дополнителни коментари“, изјавија од Нион за полските медиуми.
Текстот Слаби се доказите против Жосуе и Панков, УЕФА го истражува случајот е превземен од МАКФАКС.