Земјотресот од 3,3 степени што утрово во 10 часот и 24 минути го погоди реонот на Тетово-Гостивар, беше почувствуван од жителите во овие населени места.
Сведочат дека потресот траел неколку секунди и се чувствувал силно.
„Се чувствуваше силно и траеше неколку секунди“, „Силно се тресеше“, „Беше навистина страшно“, „Се исплашив“, „Добро го почувствувавме, мониторите и опремата ни се тресеа“, „Бев на работа и почувствував потрес“ – ги споделуваат своите искуства Тетовци и Гостиварци.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на 13 километри од Тетово.
Текстот „Се тресеше силно и беше страшно“ – земјотресот ги вознемири жителите на Тетово и Гостивар е превземен од МАКФАКС.