
Западна Словенија е под црвен аларм. Таму се очекуваат обилни врнежи поради што водостојот на реките повторно ќе се подигне. Вечерва се очекува пораст на нивото на реките, најпрвин во северозападниот, а подоцна и во другите делови на Словенија.
Словенечката агенција за животна средина, како и Цивилната заштита, бараат од граѓаните од западните делови на Словенија да најдат сместување кај роднините и пријателите доколку се сомневаат во својата лична безбедност. Им се нуди сместување во училиштата, пишува N1.
Се очекува Словенија и Хрватска да бидат зафатени од многу силен циклон од Велика Британија.
Во Хрватска и во наредните денови се очекуваат потенцијално опасни временски услови. Цела серија предупредувања веќе се во сила преку системот „Метеоаларм“ на Државниот хидрометеоролошки завод.
Текстот Се стравува од поплави како во август: бура од Велика Британија пристигнува во регионот, Словенија прва на удар е превземен од МАКФАКС.