За Северна Македонија ќе биде предност да се приклучи кон Европскиот сојуз, но тие треба да си ја напишат домашната задача, треба да се придржуваат кон договорите, истакна во интревју за бугарски „Бгнес“, германската амбасадорка во Бугарија Ирене Марија Планк.
„Верувам дека Северна Македонија треба да продолжи да се ангажира и да го прави тоа, што рече дека ќе го направи. Мислам дека и Бугарија е во право што има пријателски пристап. Владата го прави тоа и јас стојам целосно зад тоа“, рече таа.
Амбасадорката на Германија во Софија, во разговорот за „Бгнес“ изјави дека била сведок на напорите на актуелната бугарска влада да одржува пријателски тон со Македонија.
Како што рече – Бугарија овој период се држи до актуелните прашања и не настојува емоционално на преуредување на минатото.
„Мислам дека навистина треба да гледаме во иднината. Бугарија и Северна Македонија се блиски соседи и би било во најдобар интерес на сите да се оди напред“, порачува Планк.
Текстот Северна Македонија да си ја напише домашната и да се придржува кон договорите, порачува германската амбасадорка во Софија е превземен од МАКФАКС.